Само што заврши со операцијата, а Новак Ѓоковиќ..

790

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одработи прв тренинг само неколку дена по операцијата на својата десна рака.

Факт е дека сака да закрепне што побргу и посилен да се врати на терените, со цел да не им овозможи на конкурентите освојување на лесни титули.

Освојувачот на 12 Гренд слем титули тргна силно кон опоравувањето и заздравувањето пред останатите предизвици кои го чекаат.

Тој при подготовката се заблагодари на сите оние кои го следат и кои му даваат безрезервна поддршка.

Големо благодарам на сите за поддршката која ја добива овие денови. Се радувам што со вас ќе го делам процесот на опоравување“, истакна Ѓоковиќ.