Само уште еден: Трипл-дабл број 40 за Вестбрук (ВИДЕО)

512

Плејмејкерот на Оклахома Сити Тандер, Расел Вестбрук дојде до својот 40. трипл-дабл во сезоната и сега му недостасува уште само еден за да го израмни рекордот на Оскар Робертсон од пред 56 години.

Во поразот од Шарлот на домашен терен (101-113), Вестбрук постигна 40 поени, 13 скока и десет асистенции. За да го стигне или надмине рекордот на Робертсон, на Вестбрук му остануваат уште шест натпревари, но никој не се сомнева во тоа бидејќи искусниот плејмејкер се наоѓа во низа од четири трипл-дабли.

Инаку, и покрај поразот, Оклахома е безбедна кога станува збор збор за плеј офот бидејќи на шест натпревари до крајот од сезоната, има седум победи повеќе од деветтопласираниот Денвер. Прашање е само од која позиција ќе го чека противникот во разигрувањето.