Само на Балканот: „Делије“ ја бојкотираат Звезда поради новиот играч кој е муслиман!

1415

Најтврдокорното јадро на навивачите на српскиот шампион донесе радикална одлука, незадоволни од ангажирањето на најновото засилување на клубот, Ален Омиќ.

Популарните „Делије“ на крајот од натпреварот со Олимпијакос истакнаа транспарент од кој може да се заклучи дека во следниот период нема да доаѓаат на натпреварите на кошаркарскиот клуб.

Дел од најтврдокорните навивачи се незадоволни што клубот го ангажираше поранешниот словенечки репрезентативец, па од еден дел од трибините за време на натпреварот можеше да се слушне скандирање: „Омиќ, оди си“, додека остатокот од навивачите во салата „Александар Николиќ“ негодуваше на сето тоа.

Сепак, најтврдокорните „Делии“ по натпреварот јасно ја соопштија својата одлука преку транспарент:

„И благодариме на управата за радоста и титулите, додека игра кој не треба не сметајте на нас“.

„Делиите“ на својата трибина истакнаа и транспарент „Албанец, Хрват, Балија, не се мои браќа“, со кој недвосмислено се порачува дека националната, односно верската припадност на Омиќ е голем проблем.

Младиот центар од Тузла пред седум дена стана нов кошаркар на Црвена Звезда и тој е втор Словенец по Јака Блажич кој го носи црвено-белиот дрес, а интересно е дека тој во првото свое интервју за клупскиот сајт наведе дека е атеист.