Савичевиќ: Срамота е покрај мене, Панчев и Просинечки, Папен да ја добие Златната топка

79

Точно 27 години по освојувањето на титулата во Купот на европските шампиони и срамната одлука на УЕФА да му ја додели Златната топка на Жан-Пјер Папен, легендарниот црногорски фудбалер Дејан Савичевиќ во интеревју за Новости жестоко ја нападна европската фудбалска унија за таквиот потег.

Таа година (1991) Звезда освои речиси се што можеше да се освои иако војната во Југославија веќе беше почната. Општ е заклучокот дека одлуката беше политичка.

„Се разбира дека ми беше криво, мораше наградата да ја добие некој од нас кој стана европски шампион. Дали Панчев кој тресеше мрежи како од шега, Просинечки или јас кои пленевме со својата игра. Кој било, само не Папен. Тоа беше срамота”, смета Савичевиќ.

Тој се присетува и на времето кога го направи трансферот во Црвена Звезда, заедно со Панчев.

„Партизан беше клуб на генералите, а Звезда на политичарите и полицијата. Во Будуќност сакаа да потпишам за Партизан, а јас сакав во Звезда. И за да не се случи тоа, не протераа во ЈНА десет фудбалери, тука беше и Панчев бидејќи и челниците на Вардар беа партизановци. Битно беше ние двајца да не потпишеме за Звезда, а другите осум беа колатерална штета.

Ама и ние знаевме финти. Нивна идеја беше да облечеме униформа и потоа немаше да можеме да потпишеме за Звезда. Даре и јас го почекавме првиот ден од преодниот рок, и стигнавме во касарна со задоцнување од неколку дена”, додаде Савичевиќ.