Роналдо во неочекуван момент со неочекуван ултиматум до Флорентино Перез

999

Откако ја освои својата петта „Златна топка“, а Реал Мадрид ја одбрани светската шампионска титула, Кристијано Роналдо има нови барања од „Кралскиот клуб“.

Според информациите на мадридска „Марка“, Роналдо сега бара да стане најплатениот играч на светот, односно да му се зголеми договорот и да биде пред Меси и Нејмар.

Португалецот смета дека како најдобар играч во историјата, како што самиот се нарекува, заслужува да има и највисоки примања на светот.

Меси неодамна доби мега-договор во Барселона, Нејмар летоска се пресели во ПСЖ и доби исто така пребогат договор, а Роналдо сака да биде пред нив.

Во спротивно, тој не исклучува ни заминување од Мадрид, а со оглед на тоа колку во изминатиот период се споменува неговото незадоволство и евентуално заминување, не треба да зачудува дека може да дојде до такво нешто.

Флорентино Перез не смее да се коцка. Роналдо е магнет за маркетинг, а покрај тоа и понатаму е најдобар играч на светот, одбранувајќи ги индивидуалните признанија. Не е тајна ниту дека Перез има план за две години Нејмар да ја преземе улогата на Роналдо, но тоа не значи дека на Мадриѓаните во моментов им е потребен хаос.

За работите да бидат полоши, оваа вест ја пласира извор од Мадрид, а не од Каталонија, и тоа во пресрет на „Ел Класико“, кој е на програмата во сабота од 13:00 часот.

Барселона во овој момент има дури 11 бода повеќе од Реал, но и натпревар повеќе, така што не очекува вистински спектакл на „Сантијаго Бернабеу“.