Рикиардо победник во Кина – Хамилтон на крајот најмногу ќари, Фетел најмногу загуби

40

Исклучително возбудлива трка во Кина, која на крајот заврши со победа на забревтаниот Ред Бул кој денеска беше со одлична, но по малку и ризична стратегија, која на крајот им се исплати.

На почеток од трката Фетел ја задржа првата позиција, но затоа Ред Бул се проби напред, на загуба на местото на Кими Раиконен и Луис Хамилтон. Напред се протна во тој прв свиок и Валтери Ботас кој му се залепи на Фетел.

При првото влегување во бокс, дали погрешно прокалкулирано или со подолго задржување во бокс, Ферари и Фетел го загубија првото место каде на тоа се позиционираше Валтери Ботас.

По понаташниот расплет на околности и безбедносно возило, на патеката настана хаос во кој најмногу профитираа бодлидите на Ред Бул, а најмногу загуби дефинитивно Себастијан Фетел кој поради инцидентот со Верстапен (казна 10 секунди), загуби многу позиции, иако имаше подиум во раце.

На крајот победа за Рикиардо, кој е сигурно возач на денот во Кина, второпласиран беше Валтери Ботас, додека на подуим место си заслужи и Кими Раиконен.

На 4. место е Верстапен, кој поради казната од 10 секунди, оди место подолу а на негово место доаѓа Луис Хамилтон. Потоа следуваат во топ10 уште и Хулкенберг, Алонсо, Фетел, Саинц и Магнусен.