Рибери критикува: Голема неправда ми направија, Роналдо ми ја „украде“ наградата

1148

Францускиот фудбалер Франк Рибери, тврди дека Кристијано Роналдо му ја украл „златната топка“ во 2013 година, сметајки дека тој бил позаслужен за неа таа година.

Рибери навистина таа година беше на врвно ниво, но сепак тоа не беше доволно за нему да му биде доделена оваа престижна индивидуална награда. Тој го предводеше Баерн до ЛШ трофеј таа година против Дортмунд, но сепак Роналдо на крајот беше моралниот победник.

Ѕвездата на Баерн Минхен и понатаму жали за таа пропуштена шанса, но смета дека и неправедно била доделена на Португалецот.

Несфатлива беше таа одлуката, „златната топка“ ми беше украдена. Ги освоив сите трофеи таа година, што можев да сторам повеќе? Тоа беше голема неправда. Јас ја немав мојата држава зад мене, затоа што гледав добро како французите зборуваа дека Роналдо треба да ја добие“.

Дали такво нешто се има случено за Португалците, да речат дека треба Рибери или Меси да ја освои? Се разбира не. Мене ми беше украдена наградата“, смета Французинот.