Реднап знае во кој клуб Погба би бил далеку поубиствен на терен а тоа сигурно не е во Манчестер Јунајтед

1682

Екс играчот во Премиер лигата и сегашен спортски аналитичар, Џејми Реднап, верува дека Пол Погба би бил далеку поквалитетен играч доколку бил дел од Манчестер Сити со Пеп Гвардиола.

Французинот игра се послабо овој период, а критиките експлодираа по натпреварот со Њукасл, кој Јунајтед го загуби со 1:0, па Џејми Реднап сакаше токму тоа да го потенцира, дека во Сити Погба би ја имал слободата и позицијата која му е потребна, додека во Јунајтед крахира.

Погба беше изваден на последниот меч на 20 минути пред крајот, што беше јасен сигнал дека и тренерот Мурињо не е задоволен од учинокот на францускиот фудбалер.

Пол е добар играч, но сум прилично сигурен дека доколку настапуваше во Сити, Погба ќе беше далеку по продуктивен на терен. Не сум сигурен дека Жозе го вади најдоброто од него. Но Пеп е таков тип на тренер, кој ќе го исцеди играчот, кој ќе го извлече и последниот атом енергија од играчот и ќе направи ситуација каде неговите избраници на терен се борат за секоја топка, Не гледам бенефит во Манчестер Јунајтед со ваков Погба“, смета Реднап.

Погба е еден од најскапите играчи во светот и рекорден трансфер во Манчестер Јунајтед, платен 103 милиони евра.