Реал не можеше потешко да мине на ждрепката, а Крос со типична германска реакција ги воодушеви сите

3934

Реал Мадрид во Нион денеска го доби својот противник во осминафиналето од Лигата на шампионите, а многумина сметаат дека „Кралскиот клуб“ не можеше да мине потешко.

Мадриѓаните за противник го добија тимот на ПСЖ, кој пред ждрепката важеше за прв фаворит за освојување на трофејот во Лигата на шампионите и јасно е дека Реал доби пеколно тешка задача уште во раната фаза од елиминациите.

Меѓутоа, двократните последователни шампиони на Европа не се плашат од ПСЖ, бидејќи тоа секако не е во нивната природа, а Германецот Тони Крос го покажа тој победнички менталитет, ладнокрвно коментирајќи на Твитер кратко и јасно: „Добра ждрепка“.

Првиот меч меѓу Реал и ПСЖ се игра на 14. февруари во Мадрид, додека реваншот е на распоредот на 6. март.