Пукна бомбата во НБА: Кливленд го прати Ајзеа Томас во Лејкерс

575

Вечерва во НБА завршува преодниот рок, а клубовите ги користат последните моменти за трансфери.

Бомбата ја детонираа Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс кои направија размена на играчи. Кливленд го прати во Лејкерс својот играч Ајзеа Томас со Ченинг Фрај во замена за Лери Ненс и Џордан Кларксон.

До крајот има неколку часа и се очекува да дојде до уште некоја спектакуларна размена.