Пример како се прави тоа – Сите плати ги даде во хуманитарни цели

344

Од соседна Србија ни пристугнува една убава фудбалска приказна на почетокот од новата година во која главен јунак е фудбалерот на Напредак Крушевац, Никола Митровиќ.

Овој фудбалер есенва се реши да се врати во родната Србија, носејќи го дресот на клубот од Крушевац. По крајот на првата полусезона се реши сите заработени плати во овој период да ги подари во хуманитарни цели.

„Секогаш сум подготвен да помогнам. Бев на различни хуманитарни акции бидејќи сакам и можам. Кога се вратив во Напредак одлучив дека цела заработка ќе ја дадам во хуманитарни цели бидејќи знам дека тие пари на некој и тоа како  ќе му значат. Во договор со клубот, мојата плата директно заминуваше на сметка на организацијата „Биди хуман“ чиј основач е некогашниот ватерполист Александар Шапиќ“, изјави Митровиќ.

Овој 31-годишен фудбалер низ кариерата настапуваше за руска Волга, Ујпешт, Видеотон(Унгарија), Макаби Тел Авив, Бнеи Јехуда (Израел), во кинески Шангај и кипарски Анортозис.