Претседателот на Партизан: Во Србија 50 % од натпреварите се наместени

324

Првиот човек на актуелниот српски фудбалски шампион Партизан, Милорад Вучелиќ даде мошто интересно интервју во кое зборуваше отворено за сите проблеми во клубот, но и фудбалот кај нашиот северен сосед.

Особено беше интересен одговорот на прашањето дали во Србија има наместени натпревари.

„Има, секако дека има. Знаете и самите како ќе завршат 50% од натпреварите, особено во вториот дел од сезоната. УЕФА минатата година испрати писмо во кое се означени дури осум клуба од Суперлигата за кои има сомнение дека местеле“, изјави Вучелиќ.