ПРЕАМБИЦИОЗНО: Јувентус повторно прави најскап голмански трансфер?!

4568

Јувентус веќе од поодамна е во лов на нов голман, во кој ќе гледаат долготрајна замена за легендарниот Џиџи Буфон, кој далечната 2001 се досели од екипата на Парма во Торино.

Италијанскиот медиум „La Republica“ денеска пласираше сензационална информација дека управниот одбор на Јувентус, е сериозно загреан за Џиџи Донарума од Милан, еден од најперспективните голмани во Европа, кој има само 17 години и кој е најпосакуван млад голман во Европа во овој момент.

Тој навидум најавува меѓу редови дека го сака Милан и дека ќе остане долго во клубот од Сан Сиро, но со оглед на тоа што се случува во денешно време на европскиот фудбалски пазар, никогаш и ништо не е сигурно.

Бепе Марота, главниот човек на Јувентус за одобрување на трансферите, не имал ништо против Јувентус да го ангажира голманот на Милан ако тој има желба на тоа, и воопшто не стравуваат да го одврзат кесето за него.

Донарума на 18-ти следниот месец полни 18 години, така да слободно ќе може да размислува што понатаму. Од една страна Милан му нуди 100 000 евра неделна плата, што е фантастична бројка за еден млад голман, додека од друга страна, Јувентус подготвува преку 50 милиони евра за трансферот на Донарума, што може да биде повторно најскапо платен голмански рекорд, од оној кој го платија за Буфон пред 15 години на Парма за 47 милиони евра.