По 10 години и 11 трофеи го напушти Челзи и замина по кинеските милиони

5764

Џон Оби Микел по цела една деценија го напушти Челзи и кариерата ќе ја продолжи во кинески Тианјин.

Челзи го доведе од норвешки Лин по голема борба со Манчестер Јунајтед и за лондонскиот клуб одигра речиси 400 натпревари. Меѓутоа, со доаѓањето на новиот тренер Антонио Конте тој не доби шанса и одлучи да ја прифати понудата од Кина.

Претходно британските медиуми пишуваа дека Микел ќе ги одбие кинеските милиони со цел да остане во Европа и да потпише за Валенсија, но очигледно трансферот во Шпанија пропаднал.

„По 10 години, 374 натпревари и 11 трофеи време е за разделба. Пристигнав како 19-годишник, а заминувам како шампион на Англија, Европа и капитен на својата репрезентација“, напиша 29-годишниот Нигериец во писмото во кое се присети на најголемите успеси во дресот на Челзи и во кое особено им се заблагодари на навивачите на поддршката.