Почна лудилото: Батшуаји ги помина лекарските прегледи, следува „домино-ефект“

2242

Сите се во очекување на реализацијата на неколку спектакуларни трансфери во најсилните лиги во Европа.

Почна уште утринава. Германските медиуми објавија дека репрезентативецот на Белгија, Мичи Батшуаји ги поминал лекарските прегледи во Борусија Дортмунд што беше еден од условите за заминувањето на Пјер Емерик Обамејанг.

До крајот на сезоната тој ќе настапува како позајмен играч кај “милионерите”, но со ова отвори врата за уште два трансфера. Покрај Обамејанг, кој ќе се пресели во Арсенал, се очекува Оливие Жиру да го засили Челси.