Екс водачот на „Гробари“- Кими: Секој меч на Партизан во Белград го гледам со другари од Македонија

3166

На Балканот последниот период актуелна е ситуацијата кај навивачите на Партизан, „Гробари“ кои имаа меѓусебна пресметка на вечното дерби со Црвена Звезда.

На последниот меч на КК Партизан против Задар во АБА лигата, навивачите на „црно-белите“ повторно се поделија, а како лидер на едната група се истакна легендарниот водач на „Гробарите“, Милош Радисављевиќ Кими кој во минатото се криеше во Македонија пред да биде екстрадиран во Србија каде лежеше затвор.

Кими запрашан дали има нешто против навивачи на Партизан надвор од границите на Србија истакна дека со тоа нема проблем бидејќи речиси секој меч на својот клуб во Белград го гледа со другари од нашата држава.

„Јас секој меч на Партизан го гледам со другари од Македонија кои доаѓаат во Белград“, изјави Кими.

*Моментот на овој одговор по прашањето е на временски исечок од 1:33:15 минута