Погба одигра 15 минути – но имаше „пас на вечерта“ од кој секој навивач на Јунајтед се срами

2470

Големи се вечерва препукувањата на социјалните мрежи помеѓу навивачите на Јунајтед, но и оние кои не навиваат за овој англиски клуб.

Јунајтед вечерва беше елиминиран од ЛШ со право, бидејки Севилја беше подобрата екипа.

Сега останува само да се види дали Мурињо ја утна при составувањето на првите 11 играчи, или друг фактор беше во прашање.

Но она што е најинтензивно вечерва на социјалните мрежи е тоа што навивачите пукаат по Мурињо, но и по дел од играчите од кои се очекува да бидат лидери, а не покажуваат такви афинитети.

Погба е исто така вечерва критикуван, иако одигра само 15 минути, посебно на фановите им пречеше неговата статичност и недоволна прецизност при делењето на топките кон соиграчите, како на пример на видеото подолу…