Победа за крај во групната фаза: Вардарки веќе гледаат кон Митјиланд

442

Ракометарките на Вардар вечерва го потврдија првото место во групната фаза, со победа на гостувањето во Морача, против екипата на Будуќност.

„Црвено-црните“ ракометарки остварија сигурна победа од 30:25 и со тоа си го трасираа патот во следната фаза како првопласирана екипа.

Со оваа победа, ЖРК Вардар уште еднаш ги потврди амбициите за висок пласман и евентуален трофеј сезонава.

Жестоката Андреа Пенезиќ беше најрасположена во редовите на Вардар вечерва, таа запиша 10 голови, а во четвртфиналето Вардар ќе игра против данската екипа Митјиланд.