Перо не играше, Звезда со магичен финиш го сврте Олимпијакос

615

Црвена Звезда оствари сензационална победа на домашен терен триумфирајќи во дуелот со Олимпијакос со 89:78.

Перо Антиќ беше во составот, но не играше поради повреда, а експлодираше американскиот плејмејкер Дилан Енис кој неодамна го засили тимот. Постигна 21 поен со четири тројки и во финишот беше клучен за победата на својот тим.

Звезда водеше во првото полувреме, Олимпијакос направи пресврт во третата четвртина и по 30 минути играше водеше со шест разлика. Се чинеше дека бодовите ќе отпатуваат во Пиреја, но по 67:68, Звезда направи 22:10 и дојде до победаата.