Пеп со таен план: Проблемите на Французите со УЕФА ги користи за ангажман на ѕвездата на ПСЖ

10

Екипат на Манчестер Сити ја осигура титулата во Премиер лигата, но испадна од Лигата на шампионите, па така Пеп Гвардиола веќе го крои планот за новата сезона.

Шпанецот имено има таен план со кој планира да ја доведе на „Етихад“ младата ѕвезда на ПСЖ, Килиан Мбапе.

Стратегот на Манчестер Сити сака да ги искористи проблемите на Французите со УЕФА поради финансискиот „фер-плеј“.

ПСЖ летово го купи Нејмар од Барселона за 198 милиони, а го доведе на позајмица Мбапе од Монако, но со клаузула дека летово за него ќе платат 180 милиони евра.

Англиски „Мирор“ објави дека токму овде „граѓаните“ ја гледаат шансата да го купат Мбапе бидејќи „светците“ ќе мора да продаваат“, а тешко дека некој друг клуб би платил толку пари за едне играч.