ПАО ја победи Звезда во „Пионир“ – Перо Антиќ одигра под просекот

522

Белградска Црвена Звезда вечерва загуби втор пат оваа сезона во Евролигата, од Панатинаикос кој победи среде Белград со резултат 69:63.

„Црвено-белите“ неможеа да врзат добри 10 минути, одиграа меч полн со падови во играта, и тоа резултираше со втор пораз во Евролигата.

Пао одигра квалитетен меч во секогаш пеколниот Белград. Скоро на целиот натпревар, гостите беа во некоја мала предност а домаќинот постојано се обидуваше да остане во егал ситуација.

Првиот дел го доби ПАО со 20:15, а до полувреме Црвена Звезда намали на -3 (38:41).

Во вториот дел Панатинаикос повторно беше подобар противник, третиот дел го доби со 11:17, а последната четвртина беше во знакот на домаќините, но сепак не доволно за победа и пресврт. На крајот конечни 63:69.

Перо Антиќ одигра под нивото вечерва, тој запиша само два поени.