ОФИЦИЈАЛНО: Манасков не мрда од Унгарија – потпиша со Веспрем до 2020 година

526

Дејан Манасков, македонскиот репрезентативец останува и понатаму во Веспрем откако денес потпиша нов договор.

Нашето репрезентативно лево крило со унгарскиот првак се обврза на верност до 2020 година. Така Дејан и понатаму ќе остане дел од овој гигант каде што стигна летово од редовите на германскиот првак Рајн Некар Левен.

Така Манасков со договор во џеб и обезбеденa иднина доаѓа во нашата држава каде што ќе се приклучи на подготовките на македонската машка ракометна селекција.