Официјално: Аматер ќе ја води Србија на Светското првенство во Русија!

1004

По отказот кој му го врачија на Славољуб Муслин, тренерот кој по пауза од повеќе години успеа да ја одведе Србија на едно големо натпреварување, Фудбалската федерација на оваа земја се одлучи за неконвенционално решение на тренерската клупа.

Имено, за селектор на Србија е поставен Младен Крстајиќ, поранешниот дефанзивец на Вердер Бремен, Шалке и Партизан, како и актуелен претседател на клубот Радник Бијелина од Босна и Херцеговина.

Крстајиќ ја доби нашата доверба во следниот период, заклучно со СП во Русија, од местото селектор да го предводи сениорскиот тим на Србија. За деталите од договорот со Крстајиќ ќе разговараме повеќе по завршувањето на празниците кога ќе биде организирана и негова промоција, некаде во втората половина на јануари. Во секој случај, изборот на Стручниот одбор дефинитивно е Младен Крстајиќ“, изјави потпретседателот на Стручниот одбор, Горан Буњевчевиќ.

43-годишниот Крстајиќ зад себе нема никакво тренерско искуство, освен што беше дел од стручниот штаб на Славољуб Муслин во текот на квалификациите, по што ја презеде улогата на в.д. селектор. Сега, тој е поставен за перманентно решение, па по се изгледа земјата која има голем број на врвни стручњаци, на СП во Русија ќе биде предводена практично од аматер, освен ако не се случи некоја промена во последен момент.