Од „Чкембари со љубов“ – Апел, ултиматум, ЗАКАНА! Како сакате сфатете го – ФК Пелистер мора да добие помош

869

ФК Пелистер крцка под товарот на долговите, а пред извесен период беше уверувано дека новите предводници на градот на конзулите, ќе се обидат да помогнат „зелените“ да излезат од кризата.

На сите им е јасно дека Пелистер е на „цевки“ за инфузија и дека тешко дише, па затоа е потребна финансиска инјекција која ќе го раздвижи клубот.

По тој повод, навивачката група „Чкембари“ упати јасен ултиматум, па може да се каже и закана, дека нема да дозволат некој од општината да се луксузира, а во спротивност на Пелистер да не му се помогне.