Одлуката на Баерн во предсезоната не му се допаднала на Левандовски

1105

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ја критикуваше одлуката на клубот да во предсезоната, играат во Азија, наместо да бидат некаде во Европа, и да имаат повеќе време за тренинзи.

Баерн имаше цела предсезона лоши резултати, а Левандовски смета дека тоа е поради тоа што воопшто не тренирале, и дека повеќе време минувале во патување.

Воопшто не трениравме, немаше време за тоа, имавме долги патувања и пријателски средби, а тоа никогаш не ви помага. Сега имаме малку време следната недела да се обидеме да го надополниме тоа што не го направивме во подготвителниот период“, истакна Левандовски за Билд.

Баерн во првото коло од Бундеслигата, го совлада тимот на Баер Леверкузен со 3:1, додека нешто порано го освои германскиот куп, совладувајки ја Борусија Дортмунд на пенали.