Одиме во Загреб: Раул ги објави 19-те величествени

1590

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија го објави списокот од 19 ракометари што ќе патуваат на Европското Првенство во Хрватска.

Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски
Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски

Утре рано изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во нашата група на ЕП се уште и селекциите на Црна Гора и Германија со кои се среќаваме на 15, односно 17 јануари.