Одбојкарите втор пат го победија Косово

425

Одбојкарите на Македонија ја остварија втората победа во групата А во Европската лига, откако славеа со 3:0 против Косово.

Македонија пред овој меч важеше за фаворит, па тој епитет во целост беше оправдан и со крајниот резултат.

Првиот сет Македонија го доби со 25-17, вториот со 25-10, додека третиот беше нешто потесен 25-21.

Ова е втора победа за нашата одбојкарска репрезентација против Косово, но имаме и по два порази од Летонија и Австрија. Моментално котираме на 3. позиција на табелата.

Без оглед на конечниот исход во нашата група, Македонија сигурно ќе игра на завршниот турнир, во Скопје на 15 и 16 јуни.