Огромен успех: Македонија го доби првиот европски шампион во олимписки спорт

789

На европското првенство за Сениори во дисциплината Таеквондо, кое деновиве се одржа во Бугарија, во Софија, Македонецот Дејан Георгиевски успеа да освои златен медал на ова натпреварување.

Ова е прв пат Македонија да добие европски шампион во еден од олимписките спортови.

Храбриот Дејан Георгиевски до финалето успеа да дојде, совладувајки натпреварувачи во директна битка од Турција, Германија и Италија, а во финалето се соочи со руски натпреварувач.

Овој голем успех веднаш доби на публицитет во земјата, со тоа што тренерот на Георгиевски, Дарко Костоски објави на социјалните мрежи за овој подвиг.