Огромен пресврт: Јунајтед на чекор од Санчез, Венгер прифати 40 милиони и тргнува по замена за Чилеанецот

2808

Англија „грми“ за војната на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити на трансфер пазарот.

Се до денеска се чинеше дека „Граѓаните“ се во пол позиција и дека повторно ќе го победат Жозе Мурињо, меѓутоа нешто преку ноќ се сврте во корист на „Ѓаволите“! Така јавува „Дејли Мејл“…

Ваквиот епилог во еден момент беше навестен, но сега изгледа Пеп Гвардиола е пред свршен чин – Алексис Санчез ќе заврши во Јунајтед!

Мурињо наводно му ветил на директорот Ед Вудворд дека дефинитивно се откажува од Гризман и Бејл во случај овој месец да му го обезбедат Чилеанецот. Јунајтед веднаш реагирал и со понуда од 40.000.000 евра го задоволи Арсен Венгер, а потоа лесно ги убедил агентите на Санчез, со оглед на тоа дека му ветиле статус на најплатен играч во Премиер лигата, со плата од 350.000 фунти неделно!

Познато е дека Сити на Арсенал му нудеше 20.000.000 за преостанатите шест месеци од договорот, како и висока плата за играчот. Дури 70.000.000 фунти за четири години. И по влегувањето на Мурињо во трката, Пеп беше убеден дека Чилеанецот ќе го избере Сити и дека ќе сочека до лето за да се пресели на „Етихад“, бидејќи Арсенал не сакаше да го пушти за „само“ 20 милиони оваа зима. Но, изгледа дека во меѓувреме многу работи се променија. Пред се, во ставот на Венгер, кој сега е воодушевен од понудата на Јунајтед и сака што е можно побрзо да го заврши трансферот.

Проблемот на Сити во овој момент е финансискиот фер-плеј и тоа е причината поради која не може да оди со понуда повисока од 20.000.000 евра. Гвардиола на лето планира да ги продаде Агуеро, Туре и Мангала, со што ќе го растерети буџетот и ќе отвори место за нови аквизиции, но тоа веќе некоја друга тема.

Она што е суштина е дека сега се е на Алексис Санчез. Или оди веднаш во Јунајтед и станува најплатен играч во Премиер лигата, или ќе го дочека летото и ќе оди во Манчестер Сити, бидејќи Арсенал не сака да го пушти за 20.000.000 евра и не прифаќа уцени.

Колку е Венгер одлучен во намерата до крајот на месецот да го реши случајот со Санчез говори и податокот дека во текот на следната недела на адресата на Бордо ќе замине понуда тешка 35.000.000 фунти за спектакуларниот Бразилец Малком. Французинот проценил дека крилниот напаѓач е вистинската замена за Чилеанецот и ќе направи се за да го ангажира. „Дејли Мејл“ сепак наведува дека преговорите ќе траат најмалку уште седум дена, бидејќи Бордо е цврст во ставот дека Малком вреди 45.000.000 фунти.

Расплетот се наближува, Мурињо се смешка. Дали конечно ќе успее да го победи Гвардиола на некое поле?