Ова не личи на Јуве: Кејн во италијанскиот шампион за 250 милиони евра!

1919

Шпанскиот портал Дон Балон предизвика треска во Италија откако објави дека Хари Кејн ќе се пресели во Јувентус за 250 милиони евра.

Тотално нетипично за Јувентус имајќи предвид дека најтрофејниот италијански клуб нема навика да дава многу пари за играчи. Иако го држи рекордот во Серија А со отштетата платена за Гонзало Игуаин, Јуве обично купува евтино, а потоа од фудбалерите прави ѕвезди и најчесто ги продава.

“Купувањето на Пауло Дибала не му донесе ништо ново на Јувентус бидејќи тимот продолжи да доминира во Италија, а не успеа да ја освои Серија А. Затоа сега Јуве се подготвува да плати 250 милиони евра за Хари Кејн. Во клубот стравуваат дека ако не почнат да трошат пари, нема да можат да им парираат на големите сили во европскиот фудбал кои ги имаат Меси, Роналдо или Нејмар”, пишува во текстот на Дон Балон.

Интерес за Кејн покажа и Реал Мадрид, а англискиот репрезентативец оваа сезона атакува на Златната копачка во Европа со што би ја запрел доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.