Ова е веќе лудило: Трансферот на Обамејанг ќе чини 258 милиони евра!

693

Кинезите веќе докажаа дека се луди по фудбалот, па се расфрлаат со пари на сите страни. Во оваа држава од Азија веќе настапуваат низа фудбалски ѕвезди, а зимава таа листа можеби и ќе се зголеми.

Главната ѕвезда на зимскиот трансфер период треба да биде голгетерот на Борусија Дортмунд, Пјер-Еменик Обамејанг.

Новиот клуб на Габонецот треба да биде Гвангжу Евергранде кој понудил 72 милиони евра, 12 милиони повеќе во однос на понудата на Пекинг Гуан. Притоа фудбалерот од Кинезите ќе и инкасираат по 20 милиони евра од сезона, а Обамејанг со Гвангжу ќе потпише четиригодишен договор.

Ако се земе предвид дека владата на Кина од минатото лето донесе закон кој наложува данок од 100 % за секој трансфер поголем од 5.750.000 милиона евра, тогаш Гвангжу на основ на ова ќе плати дополнителни 66 милиона. Притоа ќе се плате данок и за годишната заработка на фудбалерот, со  што цената на Обамејанг стигнува до вртоглави 258 милиона евра.