Нова победа на Веспрем, нов блесок на Дејан Манасков

988

Уште едно одлично издание за Дејан Манасков во дресот на Веспрем, кој вечерва успеа да ја победи екипата на Татабања со 31:28.

Македонскиот интернационалец постигна пет гола на вечерашната средба и даде значаен придонес во новата победа на неговиот тим.

Татабања важеше за аутсајдер и пред мечот, но на оваа средба пружи силен отпор, кој сепак беше скршен од далеку поквалитетниот и пореномиран противник.

Веспрем по ова коло е лидер на табелата во унгарското првенство, со комплетни 12 победи во 12 натпревари, на делба на првата позиција и е Сегед, кој има исти бодови (24) но и два меча повеќе.