Ништо од враќањето: Роналдо не сака во Јунајтед поради еден човек

1529

Кристијано Роналдо нема намера да се враќа во Манчестер Јунајтед иако постои голем интерес за него и од раководството на клубот и од навивачите.

Британскиот таблоид Сан тврди дека причина за ваквиот став на португалскиот ас е Жозе Мурињо со кого Роналдо нема добри односи уште од времето кога заедно работеа во Реал. По заминувањето во Челси, Мурињо јавно го критикуваше Роналдо за неговиот однос во тимот и тврдеше дека Меси е подобар играч од него.

Интересно е тоа што најдобрата форма и наградите што ги собра Роналдо се совпаднаа со заминувањето на Мурињо. Тој во Челси се пресели во 2013 година, а во следните три години Роналдо освои три титули во Лигата на шампионите и три Златни топки.