Ништо ново: Прогласен најдобриот ракометар на светот

770

Францускиот ракометар Никола Карабатиќ е избран за најдобар ракометар на светот за 2016. година во изборот на Меѓународната ракометна федерација.

Во изборот за најдобар ракометар учествуваа ракометните стручњаци, новинарите и навивачите, а Карабатиќ убедливо го освои првото место.

На второто место заврши Германецот Андреас Волф, трет е Данецот Микел Хансен, Хрватот Домагој Дувњак заврши на четвртото место, додека Норвежанецот Сандер Сагосен беше петти.

Карабатиќ стана првиот ракометар кој оваа награда ја освојува трипати откако претходно го добиваше признанието во 2007 и 2014. година.

По двапати наградата за најдобар ракометар на светот ја освојуваа Ивано Балиќ (2003, 2006), Данецот Микел Хансен (2011, 2015) и Киргистанецот Талант Душебаев (1994, 1996).

Во женска конкуренција наградата замина кај романската ракометарка Кристина Неагу, која исто така по третпат ја освои оваа награда.

Наградата за најдобар тренер ја освои Французинот Дидие Динар, додека за најдобар тренер на женска екипа е избран Исланѓанецот Торир Хергеирсон.