Ница добива супер тандем: На Балотели му пристигнува топ засилување од Манчестер

5360
FILE - In this Thursday, Nov. 3, 2016 file photo, Nice's Mario Balotelli controls the ball during the Europa League group I soccer match between OGC Nice and FC Salzburg, at the Nice stadium, southeastern France. Italy coach Gian Piero Ventura says he will talk to forward Mario Balotelli before the Azzurri's next set of matches in March. Balotelli has revived his career in France, scoring eight goals in as many matches for Nice, but has not played for Italy since the 2014 World Cup. (AP Photo/Claude Paris, File)

Најпријатното изненадување во францускиот фудбал оваа сезона, екипата на Ница, нема намера да се откаже од борбата за трофеите.

Ја издржаа полусезоната на чело на Лига 1, имаат амбиции да го понесат трофејот и да го повторат подвигот на Монпелје од пред неколку години.

Ница минатото лето доведе неколку квалитетни засилувања во видот на Данте, потоа Балотели и Јунес Беланда, кој беше еден од клучните играчи на Монпелје во таа 2012. година кога се искачија на врвот на Франција.

Сега се подготвени да ја засилат конкуренцијата во офанзивата, со оглед на тоа дека подготвиле понуда за крилниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Мемфис Депај.

Отпишаниот Холанѓанец, кој со голема помпа пристигна на „Олд Трафорд“ пред две години, е на излезни врати од клубот, а не е ниту во плановите на Мурињо.

Се шпекулира дека би можел да заврши во Евертон, кај сонародникот Куман, но сега се вмешува и Ница и има конкретна понуда.

Го сакаат Депај на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп по исткот на истата. За откупот на играчот на крајот од сезоната, Ница е подготвена да даде 10 милиони евра.

Позамијцата звучи како реална опција, но клаузулата од само 10 милиони евра не делува убедливо. Сепак, новинарот на „Беин Спортс“ Мет Спајро тврди дека двете страни се блиску до договор.