Ненормална работа: Алегри има 58 пати поголема плата од Гатусо

631

Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо во моментов е најслабо платен во Серија А.

Пред да го смени Винченцо Монтела во ноември, тој, како тренер на јуниорската екипа имаше договор на 120 илјади евра годишно. Раководството на клубот донесе одлука истиот да не биде ревидиран, па Гатусо до крајот на сезоната ќе остане со таа плата. За споредба, Монтела само во еден месец заработуваше повеќе од Гатусо за цела година, неговата плата изнесуваше 250 илјади евра месечно.

Втор на листата на најслабо платени тренери е предводникот на Верона, Фабио Пекија чија годишна плата е 250 илјади евра.

Од друга страна, најголеми примања има Масимилијано Алегри кој заработува седум милиони евра по сезона или 58 пати повеќе од Гатусо.