Невил се „спука“ со новинар од Шпанија поради тоа што Јунајтед пред Сити е наречен „money club!“

1199

На Гери Невил му засмета дебатата на Твитер која ја разви шпанскиот новинар Гилјем Балагуе, кој редовно известува за ситуацијата околу Алексис Санчез.

Се верува дека Сити и Јунајтед се главни конкуренти за потписот на Алексис Санчез, или во јануари, или на лето како бесплатен трансфер.

Но шпанскиот новинар брифираше дека Сити овој јануари не сака да плати повеќе од 20 милиони фунти за Санчез, додека Јунајтед биле подготвени да платат повеќе со цел да го донесат на „Олд Трафорд“.

На Невил му засмета тоа што шпанскиот новинар направи една интересна паралела во која Санчез требало да избере помеѓу Пеп и парите на Јунајтед.

Гилјем, го нарекуваш Јунајтед „Money club?“. Сити е навистина одличен сезонава, но Јунајтед е тој кој освои два трофеи минатата сезона, и во такви услови сепак тие се нешто подобриот клуб. Па Сити беше клуб кој плати преку 150 милиони евра за тројца дефанзивци! Ајде да се смириме малце, Сити е клуб кој потроши најмногу овие 18 месеци“, беше пораката на Невил.