На Ристовски му следи незапамтено одалечено гостување, побрзо ќе стигнеш до Карибите

886

Екипата на Спортигн Лисабон во чии редови настапува нашиот репрезентативец Стефан Ристовски за противник во 1/16 финалето до Европа лига го доби тимот на Астана од Казахстан.

Португалците дефинитивно немаа среќа бидејќи им предстои историско, досега незапамтено одалечено гостување. Лисабон и Астана се одалечени 6.173 километри, со што ќе биде израмнет рекордот кој претходно го држеа Бенфика и Астана.

Првиот меч на програмата во главниот град на Казахстан е на 15. февруари, а реванш средбата на 22. истиот месец во Лисабон. Навивачите на двата тима и тоа како ќе треба да пронајдат начин како да го следат нивниот тим на гостински терен, а прилично треба да одвојат и солидна сума на финансии.

Португалците веќе започна да се шегуват, велејќи дека побрз и поефитни би стигнале до Карибите, отколку до Астана.

Втора најголема одалеченост во Европа лига ќе ја имаат Ница и Локомотив Москва. Одалеченоста помеѓу францускиот град и руската престолнина е 3000 километри.