Најголемата измама во историјата на фудбалот: Играше 20 години за низа славни клубови, а не беше фудбaлер

940

Низ историјата на фудбалот имало и ќе има многу измами, преваранти и криминалци, но никој не бил како Каисер. Тој без никакво сомнение е најголемата измама која фудбалот некогаш ја има видено.

Со шармот и триковите, како главно оружје, би ги натерал големите светски клубови да му понудат договор. Целосното име му е Карлос Енрике Каисер – Бразилец кој сакаше да биде фудбалер без да игра фудбал.

Човекот има играно за над 20 клубови, а во неговата колекција не се некои аматерски тимов, напротив великани од типот на Васко де Гама, Фламенго, Флумененсе, Ботафото, потоа француски Ајачио, мексикча Пуебла.

Првите чекори на Каисер во измамата било пријателството со големите легенди од 80-година на Бразил, како Ромарио, Едмундо, Ренато Гаучо и со низа друго. Каисер за трансфер во клубовите се изборувал на препорака на овоие славни ѕвезди кои на клубовите каде што ќе потпишеле им велеле дека познаватт млад талентиран играч, кој за мала сума на пари би дошол.

Клубовите секако поверувале во зборовите на фудбалските ѕвезди, па Каисер го ангажирале со договор на три месеци. Фудбалеро своето деби за да не биде откиен го одложувал дека е повреден, дека му треба време да се адаптира, а кога конечно ќе заиграл, лажирал повреда и се така до безизглед.