Најава од Италија: Конте заминува од Челси на лето

805

Поранешниот тренер во младинските категории на Јувентус, Винченцо Киаренца, верува дека Антонио Конте на лето заминува од кормилото на Челси и ја презема селекцијата на Италија која по заминувањето на Вентура остана без селектор.

Конте се пресели на „Стемфорд Бриџ“ пред две години, а во Италија се почесто веруваат дека Конте повторно ќе биде тој кој ќе ја подига Италија кон фудбалските визочини.

Иднината на Конте во Челси е сигурно нејасна и тоа може да резултира на лето со заминување на харизматичниот тренер, а истото го тврди и неговиот пријател, Киаренца.

„Мислам дека тој ќе се врати во Италија по завршувањ на сезоната. Прерано е да се каже нешто повеќе, или дали селекцијата или некој друг тим ќе води. Сите големи клубови во Италија добро одработуваа засега, освен Милан. По се изгледа, Милан може да биде новото пребежиште на Конте“, смета Киаренца.

Конте и понатаму не сака јавно да коментира за неговиот следен чекор, и постојано потенцира дека е фокусиран само на Челси.