Навивачите на славниот клуб во делириум: Ова лето ни пристигнува Буфон

31

Легендарниот голман Џиџи Буфон е на прагот на својата пета деценија од животот, но се уште активно брани и тоа на високо ниво.

Но последната година на чуварот на мрежата на Јуве му донесе многу разочарувања. Прво со Италија не успеа да се пласира на СП откако во бараж средбата загуби од Шведска.

Во финалето на Лигата на шампионите  минатата сезона загуби од Реал Мадрид, а пред една седмица од „кралевите“ испаднаа и сезонава од ЛШ по драматичното 1/4 финале.

Буфон на овој меч зараоти црвен картон со кој згасна и последната надеж дека ќе ја освои ЛШ во својата кариера.

Наводно Џиџи веќе има раскрстено и по крајот на сезоната ќе си замине од Јувентус, а ако сака да ја продолжи кариерата веќе наводно на маса има понуда.

Таа доаѓа од Аргентина, односно од тимот на Бока Јуниорс кој сака да го види Буфон на својот клуб. Бока и Јуве имаат многу добри односно, па би можело ова и да стане реалност, па веќе од 7. авгус кога започнува Копа Либертадорес, да го видиме Џиџи на славниот клуб.