Навивачите на ПАО ја продолжуваат војната: ЕВРОЛИГА МАФИЈА!

637

Навивачите на Панатинаикос ја продолжуваат војната со Евролигата, која пред неколку дена ја покрена сопственикот на овој клуб, ДИмитрис Јанакопулос.

Јанакопулос по поразот од Фенербахче, на својот Инстаграм профил истакна две спорни ситуации, за кои сметаше дека се неправилно досудени на нивна штета.

Секој кој има основно ниво на интелигенција разбира дека во тој случај секогаш се казнува онаа страна која е жртва, а никако онаа која е сторител на одредено дело“, беше коментарот на Јанакопулос.

После тој коментар беше покрената дисциплинска постапка против грчкиот клуб, а војната беше продолжена и од трибини во ова 20. коло од Евролигата, на мечот меѓу ПАО и Жалгирис.

Навивачите на ПАО јасно скандираа „Победуваат само оние кои плаќаат за победите. Стоп за местење на натпреварите, ЕВРОЛИГА МАФИЈА!“, беше ставот на „зелено-белите“ навивачи.