Навивачите на Арсенал се исмеваа со името на Црвена Звезда, додека не им стана јасно за кој клуб станува збор…

17591

Навивачите на Арсенал се исмеваа со Црвена Звезда, поточно со името на белградскиот гигант, бидејќи не знаеја за кој клуб станува збор.

„Топџиите“ едвај го чекаат натпреварот со белградскиот тим, но првото што го направија е се запрашаа „од каде е овој клуб, кои се тие?“.

Дел од нив иронично бараа помош за тоа како се изговара името на клубот, други констатираа дека името звучи како на некое токсично растение, други пак ја потценија Црвена Звезда и разочарано констатираа дека тоа е нивото на Лигата на Европа.

Откако дел од оние поупатените им посочија дека Црвена Звезда исто така се нарекува и „Red Star“, на многумина им олесна дека не мора да „кршат“ јазик, но тоа не беше се. Следуваше реакција на српските навивачи, кои ги потсетија на дуелот помеѓу двата тима во 1978 во рамките на Купот на УЕФА и голот на Дуле Савиќ среде Лондон со кој Арсенал беше елиминиран.

Но, навивачите на Црвена Звезда не застанаа тука, па во обид да им појаснат за кој клуб станува збор им пренесоа дека Црвена Звезда е клуб кој има една европска титула повеќе од Арсенал. Еден од навивачите, по сето ова, на Твитер цитираше реченица од сцената во филмот „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур“ во која еден од ликовите го објаснува во детал голот на Дуле Савиќ на „Хајбери“ – „А во Лондон – молк!“.

Навивачите на Арсенал си добија лекција дека не секогаш треба да ги потценуваат своите противници.