Мурињо ризикува да „изгори“ во пеколот: Среќен сум што моите играчи ќе тагуваат!

5671

Тренерот на Манчестер Јунајтед излезе на пресконференција по тешкиот пораз вечерва на домашен терен од Севилја.

По првиот натпревар и оние 0:0, од Шпанија, Севилја успеа да изненади и да победи во Манчестер, па со 1:2, се пласираа во четвртфиналето од ЛШ.

На португалскиот стратег сега му преостанува да го објаснува поразот и да се надева дека тоа ќе мине кај навивачите, бидејки нивното трпение ја прели чашата вечерва по елиминацијата.

Загубивме, тоа е составен дел од фудбалот. Утре е нов ден, Среќен сум што секој од моите играчи вечерва ќе тагува и дека нема да ја скријат разочараноста. Немаме време за да правиме драми, мора да работиме од утре бидејки наскоро имаме важен меч“.

Првиот гол секогаш знае да биде важен во вакви натпревари. Се обидувавме уште по првата минута да бидеме интензивни и агресивни. Не постигнавме гол, а Севилја успеа да ќари и да ја скрие топката од нас, го контролираа вториот дел“, истакна Мурињо.