Михајловиќ ќе биде тренер во Премиерлигата?

1077

Фудбалскиот клуб Саутемптон го контактирал Синиша Михајловиќ за можен ангажман во Премиерлигата, само еден ден откако го отпуштија својот тренер Маурисио Пелегрини.

Но сепак, главен конкурент за тренерското столче на Саутемптон во овој момент останува Марк Хјус, со кој доколку не се договорат, преминуваат на план Б со Михајловиќ.

Како што се тврди од извори блиски до клубот од „Сент Мери“, Михајловиќ е план Б тренер, доколку не успеат со искусниот Хјуз, кој доволно добро ја познава секоја екипа од првенството.

Пелегрини беше отпуштен синоќа, а причина се лошите резултати на клубот, тој со Саутемптон имаше само една остварена победа во последните 17 натпревари.