Милан ќе ни гостува во соседството, Ристовски во Казахстан, Арсенал доби лесна задача

2599

По ждрепката за Лигата на шампионите, денеска беше извршено влечењето на двојките и за 1/16-финалето од Лигата на Европа, кое донесе неколку интересни средби.

Пред се, за навивачите на Милан во Македонија добра вест е што „Росонерите“ ќе гостуваат во Бугарија, поточно ќе играат против екипата на Лудогорец, а натпреварот ќе се игра во Софија, бидејќи стадионот во Разград не ги исполнува условите за нокаут фазата, а освен тоа интересот ќе биде многу поголем за тој натпревар.

Најатрактивен дуел ќе биде оној помеѓу Наполи и РБ Лајпциг. Двете екипи преферираат напаѓачки фудбал, а освен тоа, двете завршија како вицешампиони минатата сезона и притоа беа елиминирани од Лигата на шампионите сезонава.

Екипата на Арсенал, како единствен премиерлигаш кој остана во Премиер лигата, ќе има лесна задача против незгодниот Остерсунд од Шведска. Швеѓаните се покажаа како прилично незгодна екипа во Европа, но за Арсенал не би требало да претставува проблем и се очекува без многу мака да се пласира во осминафиналето.

Атлетико Мадрид, кој е еден од фаворитите за Лигата на Европа, ќе игра против Копенхаген, кој го елиминираше Вардар во квалификациите од Лигата на шампионите. Уште двата противници на Вардар, но од групната фаза во ЛЕ, Зенит и Реал Сосиедад ќе играат против Селтик, односно Салцбург.

Двојки од 1/16-финале во Лигата на Европа:

Борусија Дортмунд – Аталанта
Ница – Локомотив Москва
Копенхаген – Атлетико Мадрид
Спартак Москва – Атлетик Билбао
АЕК – Динамо Киев
Селтик – Зенит
Наполи – Лајпциг
Црвена Звезда – ЦСКА
Лион – Виљареал
Реал Сосиедад – Салцбург
Партизан – Плзењ
ФЦСБ (Стеауа) – Лацио
Лудогорец – Милан
Астана – Спортинг
Остерсунд – Арсенал
Марсеј – Брага.