МЗТ Скопје „плаче“ за комплетен ремонт – не случајно служи за потсмев и доби епитет на аметеризам

421

Иако со жалење, мора да констатираме, МЗТ Скопје лич на се, само не на шампион на една држава, особено како што е Македонија. Промените на управата, стручниот штаб, како и на играчкиот ростер не вродија со плод.

Па затоа се доаѓа до заклучок дека на „штрковите“ им треба комплетен ремонт. Со исклучок на сосема мал дел од играчите, ова што го гледаме не доликува за еден клуб, а камо ли шампион.

Во редовите на аеродромци нема никаква дисциплина, а згора на се, не само што не го прикажуваат она што се бара од нив на терен, туку влегуваат во конфликт и со публиката. Се чини ова ја прели чашата, „костенот е врел“, а на луѓето во управата на „металците“ со сигурност им предстои и тоа каква работа.

МЗТ Скопје има 9 последователни порази во АБА лигата, односно 11 сезонава со само два порази. Ниту на домашна сцена е ништо подобро, па веќе имат два порази. Ситуацијата е повеќе од аларманта, клубот служи за потсмев во регионот, па не случајно е што медиумите кај нашиот северен сосед пред извесен период го нареко МЗТ Скопје аматеризам.