МЗТ Скопје како аеродром – еден доаѓа, друг заминува

796

Политиката на МЗТ Скопје, воопшто и ако ја има во клубот, последните неколку години не наликува на ништо. Македонскиот кошаркарски првак не само што служи за потсмев во регионот, туку веќе е и големо разочарување кај своите навивачи

Аеродромци буквално делуваат како да се аеродром, едни доаѓаат други заминуват, практично секој месец има некој што си заминува од клубот или пак што доаѓа.

Пред една седмица во СЦ „Јане Сандански“ пристигна Американецот Џордон Крафорд, а веќе денес пристигна инфоrмација дека од „сино-белиот“ ростер си заминува Доминик Мавра.

Хрватот дојде во Аеродром на почетокот на ноември, но по три месеци си заминува и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Литванија.