Металург прокоцка победа во Нашице – со реми против Нексе ја заврши годината

284

Екипата на Металург стигна до првото сезонско реми во СЕХА лигата откако во последниот натпревар од сезоната одигра 31-31 против екипата на Нексе.

Младата екипа на Јовиќ може и тоа како да жали за прокоцканата шанса за победа сооглед на тоа што на 4 мин пред крајот имаше +3 (28-31). Но металурзите во последните шест минути не дадоа ниту еден гол, па на крајот се спасуваа и од пораз, а сето тоа со играч помалку откако исклучување доби Јагањац.

Халил Јагањац со 9 гола беше прво име кај Металург во чии редови  стрелец на пет погодоци беше Пешевски. Во редовите на Нексе прво име беше поранешниот играч на Металург, Марко Бувениќ кој на 9 наврати ја затресе мрежата на македонскиот вице-првак.