Местенка или лажна тревога: Чаби Алонсо вмешан во местење на една двојка во ЛШ

3775

Двомечот во осминафиналето од ЛШ помеѓу Челси и Барселона сигурно ќе биде еден од најинтересните во февруари, а веќе пристигаат првите коментари од навивачите.

Актуелниот шампион на Премиер лигата ќе се соочи со стариот „пациент“ како што тие ја нарекуваат Барселона, а дел од навивачите на Челси денеска на социјалните мрежи обвинија дека сето ова е наместено.

Тие обвинувања навивачите ги темелат на однесувањето на Чаби Алонсо, кој беше задолжен за денешното извлекување во Нион.

Навивачите тврдат дека се е наместено и дека Алонсо внимателно следел кое топче ќе биде извлечено од садот. Во тие моменти на тв можеше да се забележи како Чаби Алонсо врти само едно топче но како да изгледа дека ги промешува за да не биде сомнително, за подоцна да биде извлечена Барселона.

На видеото подолу се посочува моментот 26:20 како клучен момент, каде Чаби Алонсо внимателно гледа во следниот противник кој Челси треба да го добие.